Анонимната пријава синоќа дека во Собранието има поставено бомба била лажна, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. По проверките од страна на антитерористичката единица на МВР во внатрешноста и надворешноста на зградата не била пронајдена никаква експлозивна направа. Утврдено било дека лицето се јавило од говорницата во затворот Идризово, но неговиот идентитет се уште не е утврден. Вести на НОВА во една минута.