Македонија е рангирана на 17 место на листата на 20 најтоксични земји во светот. Зад неа се само Сингапур, Ирак и Кина, објави организацијата Еко експертс. Од регионот, на оваа листа се наоѓаат само две земји, Бугарија и БиХ. Критериумите според кои се мери токсичноста се аерозагадувањето, смртните случаи и емисиите на ЦО2. Во истражувањето беа вклучени вкупно 135. На врвот по загаденост е Саудиска Арабија.