На само три дена пред крајниот рок за мандатарот Никола Груевски да состави влада, се уште нема никакви информации за тоа како се одвиваат преговорите помеѓу партиите. Според поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов во анализата на НОВА и Порталб очигледно е дека е создадена атмосфера во која информациите за јавноста ќе излезат тогаш кога ќе оценат четирите партии потписници на „Пржино“. Павле Трајанов смета дека состав на широка влада би значела спас за Ахмети и за Груевски.