Специјалното Јавно обвинителство со поднесок до Основниот суд Скопје 1 , се откажа од обвинителниот акт за предметот познат во јавноста како „Пуч“, соопштија од обвинителството; САД воведоа санкции против претседателот на Република Српска Милорад Додик, поради како што се наведува во образложението, опструкции на Дејтонскиот договор; Американскиот претседател Барак Обама ја преиначи казната на Челси Менинг, , а минатата недела Џулијан Асанж соопшти ќе прифати да биде екстрадиран во САД доколу Обама одлучи да ја преиначи казната на Менинг. Вести во една минута на НОВА.