Претседателот Иванов во своето годишно обраќање ги повика двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да се смират и обединат во име на македонскиот народ и во интерес на државата. Иванов исто така очекува приоритет на новата влада да биде зачувување на државноста. Тој во обраќањето истакна дека очекува следната година да се направи попис на населението.
Од 1 јануари 2017 година корисниците на јавниот превоз во Скопје треба задолжително да поседуваат електронска картичка и за возење во автобусите на приватните превозници.
Нуркачите ја пронајдоа и третата црна кутија на рускиот авион којшто се сруши во Црното море. Полициски извори изјавиле дека кутијата е уништена, а записот е оштетен, но дека е можно да се симнат дел од податоците.