Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да се одржи рочиште за предметот „Еразмус“, во кој за поткуп се обвинети петмина професори и еден демонстратор од Економскиот факултет во Скопје. Обвинителството ги товари дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.