Судењето за случајот „Поткуп“ е одложено за 23 февруари. Причината за тоа е барањето за изземање на обвинителот Златко Биковски, кое во меѓувреме стигнало до Обвинителството кое ќе се произнесе во рок од три дена; Европскиот парламент се подготвува повторно да бара од нашите политичари да му дадат поддршка на СЈО, да го применат Пржинскиот договор кој ќе го олесни решавањето на спорот со името, да престанат да ги напаѓаат невладините организации, да го ослободат судството од политички притисок, да им овозможат на медиумите слободно да работат; Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја потпише првата извршна одлука која се однесува на повлекување на САД од преговорите на Транспацифичкото партнерство. Вести во една минута на НОВА.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.