Документот што СДСМ го испрати до ДУИ е доволно добар за да ги обезбеди потписите за добивање на мандат за состав на Владата, изјави денеска портпаролот Петре Шилегов. Тој рече дека за сега немаат повратен одговор и дека лидерите на двете партии разговараат неформално, преку телефонски јавувања. Очекуваме дека предлог документот ќе ги обезбеди потписите за добивањето на мандат состав на Влада, рече тој.