„Таргет“ и „Тврдина“ ќе докажуваат кој прислушувал, откако Специјалното јавно обвинителство денеска го повлече случајот Пуч, бидејќи „фактичката состојба во обвинителниот акт е спротивна со доказите со кои тие располагаат“; Според Пи Ем 2.5 честиците во воздухот, кои многу лесно се вдишуваат, Скопје е меѓу најзагадените градови во Европа, покажува најновата студија на Финскиот метеоролошки институт; Американските новинари му упатија отворено писмо на идниот претседател Доналд Трамп, во кое истакнуваат дека тој развил сериозна недоверба кон медиумите и му предочуват што треба да очекува од нив во следните четири години. Вести во една минута на НОВА.