Советот на Скопје денеска по трет пат ќе одлучува за избор на приватен партнер во депонијата „Дрисла“. Во образложението од материјалите за седница се предлага да биде избарана италијанскиот конзорциум ФЛЦ Амбиенте и УНИЕКО. Минатата година, Вишиот Управен суд донесе одлука да се поништи конкурсот на кој оваа фирма беше избрана и наложи да се повтори постапката.