Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека дал инструкции на Министерството за внатрешна безбедност да ги проверува луѓето кои влегуваат во САД „многу внимателно“, и тоа им го напишал со големи букви. Тој го нападна и федералниот судија од Сиетл Џејмс Робарт кој во петокот ја запре извршнта наредба, нарекувајќи го „таканаречен судија“.