Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едно „извини“ до новогодишното бебе

0
By Сашка Цветковска on December 31, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мина уште една бесмислена година. Ноќва ќе се роди првото бебе во Македонија. Среќните родители потоа ќе го однесат дома, и , ако имаат пари ќе купат јонизатор за да може приновата да дише малку од малку попристијно. Функционерите претходно ќе се фотографираат со бебето, ќе му подарат златник, можеби телевизор, некоја штедна книшка со неколку илјадарки. Следниот ден ние дежурните новинари ќе ги објавиме фотографиите. Функционери и бебе. Заедно со билтенот на полицијата во кој се вклучени новогодишните епизодите на малку повеќе потпијанитите. Првото бебе, алкохол, петарди, пиштоли, повраќаници и инфузии, честитка од премиерот, честитка од претседателот – новогодишна класика. Така почнува првиот новинарски ден во новата година во Македонија веќе толку долго време. Од Курир до Политико. Никој не сака да биде вознемируван со сериозни теми. Сите сериозни теми се на стенд бај како августовски одмор на опозицијата. Дури и неуморните од ДМПНЕ пазуираат.

Ова општество нема што да слави. Ова не е славење, ова е повеќе како дозвола за излез на воздух на притвореник во Шутка по месеци и месеци притвор и неброени жалби. Ќе ни ја тутнат руската со ефтина салама, туршијата, ракијата, неколку чочеци, уште една навредлива новогодишна ТВ програма и толку. Од другата страна, децата на привилегираните во неоправдан и смешен занес ќе парадираат со својата скапа гардероба набавена во Солун, Виена, Милано или Дубаи во вкупно двата ноќни клубови во таканаречената метропола умислувајќи се дека се се дел од некаков џет сет, некаква урбана сцена, а од колата до кафаната ќе си ги бришат кондурите зацапани во калта и прашината во овој град – неград кој ни го оставија во наследство нивните корумпирани родители.

Милениумската генерација која што и јас ја претставувам ја претставуваат идиоти, разочарани и циници како јас. Разочараните навреме си заминаа, ние циниците го криеме недостигот на храброст зад наводната досетливост, а идиотите – просто се идиоти.

Годиниве се раѓаат бебињата на миленумската генерација. И вечерва ќе биде така. Погледнете го утре првото бебе. Што ќе му оставиме? Бетонирано охридско езеро, раскасапена Галичица, отровен воздух, оловна почва, вода со арсен, потрошени ресурси, ограбена држава. Оние милијарди на Белизе нема да стигнат до новогодишното бебе. Ниту до ниедно наше дете. Оној златник од функционерите не е ниту ироничен подарок, повеќе е навреда на достоинството на личноста. Ќе тргне нашето новогодишно бебе во училиште без греење, во болници без лекари, и еден ден и самото ќе си замине, освен ако од него не направиме идиот. А во тоа сме добри.

Нов живот-нова надеж. Така се вели. Но, надежта сама по себе е неефективна. Таа е само утеха за неуспесите. Таа нема да не оправда во потфрлањето да создадеме подобро општество за нашите родени и неродени бебиња. Таа не е средство, таа нема да ни помогне да стигнеме до она што сме го замислиле, до она што го посакуваме. Кога ќе го погледнете утре новогодишното бебе запрашајте се што ние, секој поединечно, направивме за него, за да не замине, да не затупе, да не стане огорчен циник. Што ние можеме да направиме за нашето прво новогодишно бебе утре да не се срами од своите патетични летаргични предци.

Ве оставам во надеж дека од првиот ден во новата година секој од нас ќе превземе одговорност за текот на својот живот, ќе покаже солидарност и почит кон другите битија, кон природата, ќе биде храбар да смени нешто во себеси. Не гледам друг начин да го смениме општеството ако не почнеме од нас самите. На првото бебе што ќе се роди ноќва однапред му посакувам да биде подобро од нас и му се извинувам што го дочекуваме во свет во кој и првиот здив сме му го затруле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.