Најмалку едно лице загина, а 8 се повредени во верижен судир на Ибарската магистрала близу Сремчица во Србија. Од нив 4 се деца, а едно е во критична состојба.
Едно од децата има повреди на рбетот, додека друго петгодишно дете има повреди во пределот на стомакот. Децата се сместени на детската клиника во Белград.
Во судирот учествувале цистерна и две патнички возила. Цистерната превезувала нафта, но таа не се излеала.
Причините за несреќата се уште не се познати.