Едно тело со отсечена глава и други шест задавени, се пронајдени во мексиканскиот туристички град Канкун.
Ова е најновото масовно убиство во овој град во последните неколку седмици, пренесува Ројтерс.
Пет машки и две женски тела пронашла полицијата во една барака на периферијата на Канкун, туристичко место на карипскиот брег на Мексико.
„Изгледа дека жртвите се независни трговци со дрога кои не биле поврзани со некој одреден картел”, вели заменик државниот обвинител на мексиканската држава Квинтана Ро, Хуан Игнасио Хернандез.
Споед соопштението на полицијата, за убиствата се осомничени седум мажи.
Минатиот месец шестмина беа убиени, а петмина повредени откако двајца мажи отвориле оган во еден бар во предградието на Канкун.
Во Мексико од 2007 година, убиени се повеќе од 70.000 луѓе во немири поврзани со трговија со дрога.