Попладнево во Собранието беше донесен Законот за амнестија со 95 гласови „За“.
„За“ гласаа и пратениците на ВМРО ДПМНЕ, иако на комисиската расправа не беше усвоен нивниот амандман амнестијата да важи за сите обвинети за настаните од 27 април.
Закир Рамчиловиќ од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ рече дека овој закон се предлага затоа што е потребно помирување во државата.
Илија Димовски кажа дека тој и Панчо Минов се приклучуваат како подносители на законот.
Текстот на Предлог законот можете да го прочитате на следниот линk.