Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ефремов: Фокусирани сме да помогнеме во евакуацијата на нашите граѓани од Украина

0
By Ivana on March 10, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фокусирани сме на извлекување на нашите граѓани кои се наоѓаат се уште во Украина. Бројката од стотина евакуирани е веќе надмината, а во моментов имаме доста наши граѓани кои се во тек на евакуација, вели македонскиот абасадор во Украина Крум Ефремов.

-Состојбата во Украина е тензична и воена. Се повеќе и повеќе градови се под воени дејствија. Ние како амбасада со мојот тим сме лоцирани и сме фокусирани на извлекување на нашите граѓани кои се наоѓаат се уште во Украина.  Не оперирам со бројки бидејќи ние евакуиравме стотина наши граѓани. Веќе таа бројка е дваесетина проценти надминати во однос на евакуирани, бидејќи се евакуираат не само наши граѓани, туку и нивни пријатели, познати и роднини. Сепак, денеска имаме и една добра информација дека од повеќе градови е дозволен т.н. „зелен“ или хуманитарен коридор. Така што, целта не само моја и на мојот тим, туку и на сите други амбасади на Северна Македонија што се граничат со Украина и на сите други наши амбасади кои на некој начин се на главните коридори е максимално да помогнеме во евакуацијата на нашите граѓани, рече амбасадорот Ефремов во изјава за ТВ 21.

Ефремов кажа дека денеска се отворени коридори за движење на населението кон други градови во Украина каде нема борбени дејствија и од каде постојат други можности за евакуација кон западниот дел од Украина. Тука е, вели, најбитна железницата која што функционира и секој ден има по неколку возни линии кои што транспортираат луѓе до местата што се во близина на границата со Полска, со Унгарија, со Молдавија и други држави на западните граници со Украина.

-Во моментов имаме доста наши граѓани кои се во тек на евакуација. И апелирам да се внимава и да се следат упатствата. Има некои наши граѓани кои одлучија да не се евакуираат. Станува збор за граѓани кои се тука со постојан престој, повеќе од 20-30 години, со свои семејства кои на некој начин оценија дека сепак тука им се внуците, децата и нема да се евакуираат. Меѓутоа, нашето соопштение и апел беше прво дека треба да се напушти Украина заради ситуацијата и сега кој од нашите се определи за евакуација тука сме да помогнеме, подвлече амбасадорот Ефремов.

Амбасадорот Крум Ефремов, со уште двајца членови на нашата Амбасада на 26 февруари мораа да бидат извлечени од Киев на побезбедно место откако неколку дена поради бомбардирањето поминаа во скривница. Минатата недела, како што информира шефот на дипломатијата Бујар Османи, македонскиот амбасадор Ефремов повторно е вратен во Украина, со цел да го олеснат процесот на евакуација на македонските граѓани сè додека и последниот граѓанин не биде евакуиран од таму. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.