Египет му кажа на турскиот амбасадор да ја напушти земјата, еден ден откако турскиот лидер повикада биде ослободен соборениот претседател Мохамед Морси.
Односите со Анкара ќе бидат на пониско ниво, со вршител на должности, изјавија официјални лица, како што јавува ББЦ.
Во петокот, турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган ја повтори својата критика за соборувањето на г-дин Морси во јули и ги повика египетските власти да го ослободат.
Египетскиот министер за надворешни работи го обвини Ердоган за провокација и дека се меша во внатрешните работи на Египет.
Одговарајќи на одлуката на Каиро за протерување на амбасадорот Хусеин Авни Боцали, Турција исто така, објави дека ги редуцира односите и му забрани на египетскиот амбасадор да остане во земјата, прогласувајќи го за “персона нон грата”.