Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ех, тие млади сдсмовски јунаци

21
By Биљана Секуловска on November 4, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неподносливата безгрижност и леснотија на СДСМ да го затрупа Сител со 155.000 евра од реклами на изборите стана еднакво фасцинантна, како што е и лавината поддршка и длабокоумни анализи на новоименуваните функционери на оваа партија.

Сите во хор, како да се диригирани и чипирани од Министерството за вистина, ја налеваат јавната сфера, од нив окупирана на Фејсбук и наглас, како антички хор облечен во бели одори, со венци на глава, размавтани во транс со истата рецитација, објаснуваат и објавуваат важно, додека чекаат од нас да им се поклониме.

Што велат тие: дека за целосна победа на СДСМ било неопходно да се биде рекламиран на најгледаната телевизија Сител, таа кралица на кршењето на закони, професионални, етички, секакви можни принципи и стандарди, таа сервилна и корумпирана императорка на безочната пропагандна машинерија на ВМРО-ДПМНЕ, турбо фолк гранде ѕвездите, турските серии со жален крај и уште потажен почеток.

Со сожалување не гледаат овие сдсмовски млади луѓе, додека нивните постари колеги не се осмелуваат да прават медиумски или други анализи доколку не се сигурни дека навистина се експерти во одредена област, но, но- тоа се надевам ќе им го објаснат некогаш на младиве.

Мудрециве млади смдсмовски властодршци ни порачуваат како не разбираме дека прагмата е мајката на политиката,  не смее да се потпреме на емоциите, за да не не вовлече во бездна таа маќеа на политиката.

Маќеата, па тоа  велат дека биле кутрите наши емоции, неартикулирани, недозреани, младешки, па нека бидат и старечки, но како велат- емоциите се пресудни за пропаста на политичарите,  додека се клатат со пердувестите бели одори, полни со гнев го истураат објавувањето на капиталот на знаење кој мислат дека го поседуваат, небаре се патријарси на комуникациските, медиумските и политичките теории и стратегии, па патронизираат низ Фејсбук на секој што има поинакво мислење од нив, овие нови кадри на власта кои мора прво да посегнат по моралната вертикала па потоа да објаснуваат зошто Сител морало да ги добие тие 155.000 евра.

Славица Арсова- Цаци, една од сителовските пропагандни пера

Нашиве сдсмовски јунаци само до пред некој месец гинеа заедно со нас од истите тие куршуми кои ги сееше таа пропаганда на Латас, Ивона, Цаци и Сарма, како најистакнати пропагандистички чеда на груевизмот. Но, тоа беше тогаш, сега можат сите заедно да пукаат во нас, во јавноста, во општеството.

Новинарството и во позрелите демократии како четврта власт со децении ја измачува јавноста со нејзината, не секогаш докрај реализирана улога на чувар на јавните интереси: со цинизмот кој го произведува, апатијата, недовербата, разочараноста на граѓаните, заради таа вечна демократска борба да се биде активен партиципатор во општеството.

За да ја добие таа важна улога граѓанинот мора да биде високо информиран- целосно, навремено, точно, балансирано, објективно, колку што воопшто може да се биде последново, но внимавајте, сето ова е наспроти авторитетите и државата кои треба да се стават во целосна функција на служење и одбрана на нивните интереси.

Тука е улогата на медиумите како четврта власт, заедно со останатите власти и политички актери да врши проверки и баланс на властите и на центрите на моќ, и токму затоа и новинарите, медиумите, се предмет на силни притисоци и влијанија од истите тие елити, кои од нив имаат сосема различни интереси.

Интересите на политичарите се вековни, колку што постои политиката и моќта: да се одржуваат ако може и бескрајно на власт, да избегнуваат контролори, критичари, корективи, особено да се игнорираат или спречуваат медиумите, нарекувани нова религија (Ганс) после 18 век во периодот на просветителството, кога тие ја заменуваат религијата како доминантна институција во општеството.

А тој цинизам кај публиката е само најмалиот дел од спиралата на злото кој ја произведе Сител, откако нанесе несогледливи последици во ова општество, кое за да се опорави мора да се соочи со своите џелати, а за да се добие правдата, тие мора да бидат казнети, затоа што се поинаку би било банализација на злото (Хана Аренд), негово игнорирање, премолчување и со тоа креирање амбиент за негово повторување.

Којзнае колку им е смешно на нашиве нови, млади сдсмовски функционери кога сега ќе прочитаат дека слободата на печатот се нарекува круна на демократијата, веројатно паѓаат од столчињата и никој не може да ги стане додека се држат за стомак и се препелкаат.

Но тие се млади, им простувам, тие и не знаат колку таа демократија  е крваво заработена низ вековите, како и слободата на печатот- ништо не е докрај завршено, ниту ќе биде, се додека нашиве сдсмовски новопечени моќници не сфатат дека и тоа како се смета и нивниот придонес во банализацијата на злото.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.