Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК од Владата бара интензивирање на реформите, а од опозицијата поголема конструктивност

0
By Xhabir Deralla on October 11, 2022 НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија денеска ги прави последните проверки на текстовите од Извештаите на напредок за земјите од Западниот Балкан. Овие редовни извештаи на европската администрација за напредокот на земјите од регионот во исполнување на европските агенди пред јавноста ќе биде презентиран во текот на утрешниот ден.

Како што дознава НОВА, во овој прв извештај по одобрување на условениот старт за преговори, генералната оценка е подобра од минатогодишната, пред сѐ, поради усогласеноста на надворешната и безбедносната политика со онаа на ЕУ што официјално Скопје јасно ја демонстрираше со поддршката за Украина и спроведувањето на санкциите кон Русија. Во извештајот позитивно се оценети напорите на Владата да го одржи ресорскиот курс на државата и патот кон членство во ЕУ. Во извештајот се препорачува земјата да продолжи по истиот пат со засилена динамика. Во однос на спроведувањето од обврските во европската агенда, Брисел упатува и апел за конструктивност до опозицијата, како и за потврдување на декларираниот политички консензус за членство во ЕУ преку потребните промени во Уставот, кои се услов за старт на преговори по започнатиот скрининг процес кој ќе трае до средината на наредната година.

Оценките на Извештајот во повеќе области се идентични како и во оној од минатата година. Во клучните области како што се реформите во судството и борбата против корупцијата ЕК констатира умерен напредок и повикува на имплементација на законите неопходна за ефикасна борба против корупцијата и зголемувањето на ефикасноста на правосудниот систем

Во однос на медиумите, извештајот е речиси идентичен на ланскиот. Се оценува дека е потребно да се продолжат напорите за саморегулација, проследени со конкретни резултати за напредок во професионалните стандарди на новинарството, како и поголема транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции и политичките партии. ЕК и оваа година апелира до државата да се  зголемат напорите за реформа на јавниот радиодифузен сервис, обезбедувајќи ја неговата независност и финансиска одржливост.

Во текот на скрининг процесот кој започна минатиот месец се очекува да бидат лоцирани детали за усогласеноста на системот со европските стандарди и, пред сѐ, недостатоците кои произлегуваат од несоодветно имплементирање на законските решенија предвидени со европската агенда. Скрининг процесот воедно ќе биде многу појасен патоказ за движењето на државата кон крајната цел – членство во ЕУ.

Во пакетот извештаи за напредок кој ќе биде презентиран утре во Брисел најкритичен се очекува да биде оној за Србија поради односите на Белград со Москва и неусогласеноста на Србија со заедничката надворешна и безбедносна политика на Србија со онаа на ЕУ. Критична точка за Србија ќе биде и слободата на медиумите.

Борјан Јовановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.