Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Пет години реформи за да станеме функционална пазарна економија

0
By Светлана Јовановска on November 5, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако се прашувате како ќе се одвива процесот на проширување во наредните пет години, период во кој, според новиот претседател на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер, нема да влезат во нови членки во ЕУ, одговорот лежи во економијата. Македонската влада, како и сите други од Балканот, ќе треба до 31 јануари 2015 година да подготви Национален план за економска реформа и да го испрати во Брисел.

Уште во февруари годинава тогашниот комесар за проширување Штефан Фили најави европски патоказ за балканските земји кој треба да им помогне во наредните пет години да станат функционални пазарни економии. Планот влезе во стратегијата за проширување објавена пред еден месец во извештаите за напредок на ЕК во која се констатира дека ниту една земја од Западниот Балкан не успеала во изминатите години да стане функционална пазарна економија и покрај тоа што сите тврдат дека неуморно работат на економските реформи.

Новиот комесар Австриецот Јоханес Хан го внесе овој план во својата работна агенда со која ќе работи за време на својот мандат. Овој пат овој процес ќе добие и политичка, а не само економска, димензија во која и премиерите на секоја земја ќе учествуваат.


Јоханес Хан

“Овој план е механизам за да се оди напред и земјите треба да покажат волја да го искористат”, објаснува новиот генерален директор за проширување во ЕК Кристијан Даниелсон.

Ако Македонија не покаже доволно добра волја за подготовка и примена на Националниот план таа нема да биде санкционирана. Но нејзиниот имиџ во ЕУ, кој и онака не е блескав, дополнително ќе се влоши.

Македонија и Босна и Херцеговина, за жал, во Брисел станаа познати како земји кои доцнат во европскиот процес. Во македонскиот случај проблемот е пред се грчката блокада која не дозволува отворање преговори но и заостанувањето во реформите во земјата како оние на јавната админстрација, слободата на медиумите, борбата против корупцијата или судството. Накусо, креирање на правна држава е главниот предизвик пред кој е исправена Македонија.

Откако го стави во погон Високиот политички дијалог за овие најбројани реформи, сега ЕК смета дека мора да се фокусира на економијата и да и помогне да застане на здрави нозе.

Според новиот план на ЕК земјите се поканети да ги претстават своите Национални економски програми со лимитиран број реформи во клучните сектори кои брзо треба да донесат компетитивност и раст во економијата. Станува збор за пет области: физички капитал во кој спаѓаат мерки за поддршка на транспортот и енерегетските мрежи како и енергетската ефикасност и зелената енергија; човечки капитал каде што се набројани образованието, иновациите и истражувањето; подобри индустриски структури како поддршка на динамични мали и средни претпријатија со тоа што ќе им се овозможи подобар пристап со финансирање и специјализација; подобра бизнис клима во која влегуваат микро-економски мерки за подобра работа на фирмите според правилата на државната помош; и трговска интеграција која би поддржала мерки за поддршка на извозот и привлекување на странски инвестиции.


Пет години економски реформи за Балканот

ЕК смета дека економските предизвици пред балканските земји се огромни и сите тие треба да се подготват дома да прават реформи кои не се само даночна консолидација, изјави Филе минатиот месец на конференција во Белград каде што присуствуваа сите балкански земји на највисоко ниво.

«Треба да бидете способни да покажете дека сте сериозни со вашите планови», рече Филе додавајќи дека само така економијата може да донесе нови работни места и раст.

Очигледно е дека Брисел не се надева многу на ветувањата кои доаѓаат од Балканот околу нивните планови кои декларативно се добри но кои не даваат резултат. Оттука, овие Национални планови ќе бидат под контрола на ЕК. Брисел смета дека на тој начин земјите сериозно ќе реформираат и, поради контролата на ЕК, ќе можат да привлечат инвеститори. «Инвестициите ќе се случат само доколку сте способни да покажете солидни политички планови и да направите конкретни подобрувања во климата за инвестиции», додаде Филе.

Конечно, ЕК смета дека сите министерства во земјата мораат да учествуваа во координацијата на овие програми а не само министрите за финансии и економија. Сето тоа мора да мине и низ широка консултација со парламентот, локалните власти, социјалните партенери и граѓанското општество.

ЕК очекува Националните планови да бидат испратени во Брисел најдоцна до 31 јануари а во февруари и март ЕК ќе ја даде својата оценка за планираното. Потоа, во април се планираат состаноци со секоја земја посебно на кои ќе се разговара за начинот на кој сето тоа треба да се примени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.