Европската комисија целосно ја поддржува иницијативата на претседателот Ѓорѓе Иванов за формирање на експертска група што ќе ги разгледа околностите за настаните на 24 декември минатата година и ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ внимателно да го разгледаат овој предлог.
Оваа порака денес за МИА ја соопштил Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Таквата комисија треба да биде независна, непристрасна и базирана на европските стандарди, земајќи ја предвид меѓународна експертиза за она што ќе го констатира за тоа да биде објективно, изјави Стано.
Препораките и заклучоците од работата на таквата комисија ќе бидат земени предвид и од страна на Европската комисија во подготовката на пролетниот извештај за Македонија.