Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК подготвува нов код за заштита од дезинформации на социјалните мрежи

0
By Biljana on May 31, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалната мрежа „Твитер“ е најдобра меѓу американските технолошки гиганти во примената на Европскиот кодекс на добра практса во сузбивањето на деформациите, дури и доколку тоа го прави само делумно, пишува бриселскиот портал „EУОбсервер“.

-Никој во целост не го почитуваше кодексот, вели еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон. „Но, од „Гугл“, „Фејсбук“,„Твитер“,„Мајкрософт“ и „ТикТок“, еден работеше подобро од другите“. „ЕУОбсервер“ дознава дека тоа е Твитер.

Сите пет технолошки гиганти го прифатија доброволниот код за борба против дезинформациите, кој Европската комисија го состави во 2018 година. Поради недоволно добри резултати ЕК на 26 мај презентираше нови упатства за подобрување на кодексот, за да стане поефикасен во борбата против дезинформациите.

Реформата на кодексот се разгледува во време на широко распространети теории на заговор во врска со пандемијата на коронавирусот, кои некои ги обесхрабруваат да се вакцинираат и други ги водат кон лажни лекови против Ковид-19.

Потпретседателката на ЕК, Вера Јурова, изјави дека дезинформациите ги загрозуваат животите на луѓето.

„Нов, посилен код е неопходен затоа што е важно онлајн платформите и другите учесници да се борат против системските ризици што произлегуваат од ширењето на нивните услуги и алгоритамската содржина, да не бидат под нивна контрола и да престанат да заработуваат пари за дезинформации, додека во целост ја зачувуваат слободата на говор“, рече Јурова.

Договорот за нов код треба да се постигне до крајот на годината и потоа да се вметне во Законот за дигитални услуги (ДСА). Предвидено е ДСА да стапи на сила во 2022 година, воведувајќи поголем надзор и можни санкции за компаниите кои не го почитуваат кодексот.

Според новиот нацрт-кодекс, компаниите ќе треба да докажат дека работат на спречување на ширење дезинформации и да се борат против тоа на повеќе јазици. Од нив, исто така, се бара да обезбедат повеќе податоци за истражувачите, да се занимаваат со политичко рекламирање и да ја намалат изборната манипулација.

Корисниците, исто така, се поканети да пријават штетна содржина и секој чија содржина е отстранета може да поднесе тужба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.