Околу 400.000 граѓани на ЕУ умираат порано како последица на загадениот воздух. Членките кои нема да ги почитуваат мерките кои ги превзема ЕК ќе завршат во судски постапки кои Комисијата планира да ги поведе. Франција е една од земјите на кои и претстои ваква опасност.
Земјите од регионот, меѓу кои и Македонија мора да сторат нешто околу загадувањето.
Проценките на Комисијата се дека тврдењата во некои од државите дека справувањето со загадениот воздух чинат многу пари се неточни бидејќи истражувањата покажале дека справувањето со последиците од загадувањата една држава ќе ја чини 12 пати повеќе.
А станува збор за здравјето на луѓето – прашање кое не би смеело да биде предмет на финансиски калкулации. Борјан Јовановски во Брисел разговара со Џо Херон, портпарол на Директоријатот за екологија при Европската комисија