Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: С. Македонија напредува кон функционална пазарна економија, најголем ризик е ковид-кризата

0
By Нова ТВ on October 7, 2020 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија направи одреден напредок и е на добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија. Економскиот раст се забрза во 2019 година со зголемувањето на инвестициите, но, од април 2020 година, кризата со КОВИД-19 остави свој белег врз економијата и јавните финансии, се наведува во годишниот извештај на ЕК за напредокот на земјата.

– Властите презедоа низа мерки за поддршка на компаниите и домаќинствата, за да го ублажат економското и социјалното влијание на кризата. Фискалната транспарентност беше дополнително подобрена. Сепак, фискално значајните реформи во оданочувањето на доходот и системот на пензии, воведени на почетокот на 2019 година, забележaa назадување. Фискалната транспарентност беше дополнително подобрена, но беа запрени реформите на даночниот и пензискиот систем, почнати во 2019 година. Покрај тоа, спроведувањето на јавните капитални расходи остана ниско, а стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена. Пред да се појави кризата, стапките на невработеност продолжија да опаѓаат, а се намали и неформалното вработување. Сепак, позитивниот тренд веројатно ќе се промени поради кризата КОВИД-19. Проблем за бизнисот и натаму останува високиот удел на неформалната економија, се наведува во делот од извештајот за исполнувањето на економските критериуми.

Покрај тоа, ЕК укажува и дека спроведувањето на јавните капитални инвестиции остана на значително ниско ниво, а стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена. Пред кризата со КОВИД-19, стапките на невработеност дополнително се намалија, исто така и кај младите, а неформалното вработување благо опадна. Сепак, влијанието на кризата со КОВИД-19 веројатно ќе ги сврти тие позитивни трендови. Стапките на учество на жените остануваат ниски, иако нивното учество во пазарот на трудот се зголеми.

Финансискиот сектор остана солиден, а заемите за приватниот сектор беа зајакнати. Деловното опкружување продолжува да биде попречено од високиот удел на неформалната економија. Северна Македонија постигна одреден напредок и е умерено подготвена да се справи со конкурентските притисоци и пазарните сили во рамките на ЕУ. Интеграцијата во ЕУ во смисла на трговија и инвестиции дополнително се напрдува. Извозот и индустриското производство дополнително се проширија со производи од повисока вредност. Сепак, недостигот на вештини, како одраз на недостатоците во образовниот систем и одливот на квалификувани работници, како и јазот во инвестициите во инфраструктура ја нарушуваат продуктивноста на трудот и конкурентноста на економијата. Навременото решавање на овие структурни потреби, би поттикнало побрзо економско закрепнување и раст на вработувањето по кризата со КOVID-19, смета ЕК.

Со цел да се подобри функционирањето на пазарната економија, ЕК препорачува да се обезбеди  фискален простор за поддршка на закрепнувањето по ковид-кризата преку подобрување на собирањето на приходите, спроведување јавни инфраструктурни проекти кои го поттикнуваат растот и подобрување на управувањето со јавните инвестиции. Се препорачува и зајакнување на фискалното управување, транспарентност и одржливост преку воспоставување фискални правила, соодветна среднорочна буџетска рамка и фискален совет, продолжување со спроведувањето на Стратегијата и акцискиот план за 2018 година за формализирање на неформална економија и подобрување на ефективноста и транспарентноста на државната помош.

Во однос на способноста да ги преземе обврските за членство во ЕУ, земјата продолжува да биде умерено подготвена во повеќето области, вклучително и во областите на конкурентност,  јавни набавки, статистика, финансиска контрола, транспорт и енергија. Земјата покажува добро ниво на подготовка во области како што се законодавство на компании, царинска унија, транс-европски мрежи како и наука и истражување. Земјата е во рана фаза на подготовка во области како што се слободно движење на работниците, како и финансиски и буџетски одредби.

Во наредниот период, потребен е поголем фокус и на административниот капацитет и ефективната имплементација. Земјата продолжи да ја подобрува својата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се вели во извештајот на ЕК за напредокот на С.Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.