Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК сака да се вклучи Западниот Балкан во Конференцијата за иднината на Европа

0
By Нова ТВ on April 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Комисија сака да биде вклучен Западниот Балкан во Конференцијата за иднината на Европа, но конечната одлука ја носат земјите членки на ЕУ, а оттаму сѐ уште нема јасна позиција, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во одговор до МИА на ова прашање од кабинетот на потпретседателката на Европската Комисија, задолжена за оваа Конференција, Дубравка Шуица, потврдија дека оваа институција сака да го види регионот инволвиран во овој настан кој започнува на 9 мај.

-Комисијата е отворена за инволвирање на граѓаните и организациите од земјите на Западен Балкан – нашите блиски соседи – во Конференцијата за иднината на Европа. Пандемијата покажа до која мера земјите членки на ЕУ и другите земји во Европа, вклучително и Западниот Балкан, зависат едни од други, одговорија од кабинетот на Шуица за МИА.

Конференцијата за иднината на Европа требаше да започне минатата година, но се одложи за оваа, на 9 мај, денот на Европа. Официјално поради пандемијата, неофицијално затоа што земјите членки и натаму не можат целосно да се усогласат за модалитетите на оваа Конференција, која треба да ги постави темелите на иднината на Европската Унија и на континентот врз основа на директна консултација со граѓаните.

Европскиот Парламент уште минатата година преку резолуција побара да биде вклучен Западниот Балкан и бројни европратеници редовно истакнуваат дека регионот треба да учествува како клучен сосед на Унијата и како регион со јасна перспектива за членство во Унијата.

Како што објаснуваат од Европската Комисија поставен е Извршен одбор во ЕУ кој треба да донесе одлука за модалитетите на Конференцијата, вклучително и учеството на регионот, но одлуките со носат со консензус помеѓу трите главни институции на ЕУ: Комисијата, Парламентот и Советот.

Идејата е Европската Унија да започне суштински и инклузивен дијалог со своите граѓани кои Брисел го доживуваат како оддалечен од реалноста на терен. Извршниот одбор е составен од претставници на трите клучни институции, но и на Комитет за региони, синдикати и организации на работодавци.

Граѓаните и организациите ќе имаат можност преку дигитална платформа да поднесат предлози и да придонесуваат директно во дискусиите и дебатите за иднината на Унијата и на континентот, како и да организираат настани. Дебатите ќе се фокусираат на осум главни теми: климатски промени, здравство, економија, улогата на ЕУ во светот, права и слободи, дигитализација, демократија и осма категорија разно, за други идеи од граѓаните. Останува да се види дали земјите од регионот ќе бидат вклучени и како.

Конференцијата треба да трае една година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.