Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Собрание без опозиција не треба да донесува важни уставни измени

0
By Светлана Јовановска on January 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Усвојувањето на уставните измени во момент кога опозицијата го бојкотира Собрание не е најдобрата идеја на владината коалција. Вака накусо може да се синтетизира реакцијата која до Македонија и пред утрешното гласање на уставните измени ја испраќа Европската комисија (ЕК) преку својот портпарол Маја Коцијанчиќ.

“Венецијанската комисија и Европската комисија повеќе пати повторија дека е многу значајно вакви важни уставни промени од ваква природа да бидат усвоени со најширок можен политички и општествен консензус”, вели ЕК која, деновиве подготвува повеќе посети на нејзини функционери во Македонија. Најавени се доаѓањата на двајца високи функционери од Генераланата дирекција за проширување а по нив, најверојатно на 19 и 20 февруари, во прва посета на Македонија треба да пристигне и новиот комесар за проширување Јоханс Хан.

ЕК потврдува дека се одржал процес на консултации за уставните измени заедно со меѓународни тела. Но, ЕК го нотира фактот што гласањето се најавува во момент кога опозицијата го бојкотира Собранието. “Сепак е многу важно уставните измени да бидат резултат на широка и суштинска дебата во која треба да учествуваат различните политички сили”, вели ЕК.

“Што се однесува до содржината, Венецијанската комисија издаде мислење во кое беше подвлечени темите од гледна точка на Европската конвенција за човекови права. ЕК ги оценува уставните или други измени на законите од перспектива на нивна компатибилност со законите и политиките на ЕУ”, понатаму забележува ЕК.

Бриселската администрација вели дека од тие причини е загрижена и таа загриженост и е пренесена на македонската влада. Европските функционери пренеле во Скопје дека “секоја измена треба да води сметка од придобивките на ЕУ и меѓународните правила вклучително финансиските услуги, даночната транспарентност, компетитивноста, борбата против перењето пари и прикривањето на даноци. Нацртот на уставните амандамни треба оттука да се оценува преку целото законодавство, особено со акцент на продложените амандмани за финансиските зони”.

Рената Дескоска од СДСМ предупреди уште во октомври дека најсериозните забелешки се однесуваат на воведувањето т.н. меѓународна финансиска зона а со ваквиот уставен амандман „постои потенцијален ризик дека зоната ќе стане рај за „нечисти пари”.

“Комисијата практично предупредува дека Македонија е на пат да стане пералница на пари, дека како што вели и експертската јавност, оваа зона ќе стане „држава во држава“, рече Дескоска додавјќи дека овој уставен амандман го загрозува единството на државата и ги лишува граѓаните на Македонија од суверенитетот над дел од нејзината територија.

Најавата за уставните измени предизвика критики од повеќе земји и организации затоа што предложениот уставен амандман XXXIII ги забранува истополовите бракови, како и воведување граѓанските заедници или било која друга форма на животно партнерство за истополовите партнери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.