Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК во преговорите сака да обезбеди независна истрага за “бомбите” и “Куманово”

0
By Светлана Јовановска on May 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според лидерот на опозицијата Зоран Заев, од својата торба со алати за справување со кризи Европската комисија (ЕК) извади две поглавија од рамката за преговори за членство, поглавијата 23 и 24 за владеење на правото и фундаменталните права.

Заев вчера во Софија изјави дека Комисијата неформално ќе ги стави овие две поглавија на лидерската маса.

Дипломатски извор за НОВА вели дека тоа се прави од две причини: за да може да се разговара за сите нарушувања на фундаменталните права во Македонија кои ги слушаме на снимките но, истовремено, за да може да се работи според европските правила кои треба да помогнат Македонија да не ја загуби препораката за преговори за членство во ЕУ.

Ова неформално отворање на две поглавија може да се одвива во рамките на Високиот политички дијалог помеѓу Македонија и ЕК кој започна во март 2012 година. Грчката блокада околу името го спречи отворањето преговори за членство па овој Висок политички дијалог беше начинот на кој ЕК сакаше да и порача на Македонија дека не е заборавена. Истата таа рамка беше искористена и една година подоцна кога требаше да се санираат последиците од настаните во Собранието на 24 декември.

Да се потсетиме за што станува збор. Овие две поглавија се отвараат на почетокот на преговарачкиот процес за членство во ЕУ и тие остануваат отворени се до крајот на преговорите и се додека не се исполнат нивните барања. Поглавијата 23 и 24 се однесуваат, помеѓу другото, на независноста на судството и слободата на изразувањето. Екс-комесарот Штефан Филе им ја даде главната улога во преговорите пред две години во својата стратегија за проширување. За формално отворање на овие две поглавија потребна е согласност на сите земји членки која е невозможна поради грчката блокада.

Според информациите на НОВА, овие две поглавија треба да отворат пат за да се обезбеди независна истрага токму за содржината на снимките но исто така и за настаните во Куманово. Брисел од самиот почеток на кризата повторува дека е потребна независна истрага за содржината на снимките а на 11 мај комесарот Јоханес Хан побара да се најде кој е одговорен за настаните во Куманово.

НОВА дознава дека независната истрага за снимките е предмет на писмото кое ЕК му го испрати на Јавниот обвинител. Тој, во март, бараше од ЕК да испрати експерти кои ќе помогнат во истрагата. Одговорот на ЕК беше дека нема да испрати експерти, но она што не беше објавено е дека ЕК не сака да испрати експерти кои ќе и помогнат на власта во истрага која не може да се нарече независна. Лидерските преговори би требало да дадат одговор како да се дојде до независна истрага.


Јоханес Хан

На 8 мај, ден пред настаните во Куманово, комесарот Хан изјави дека независно од политичарите и политичкиот систем, правосудството мора да го проследи овој случај и да се погрижи за неговите кривични аспекти.

“Ние како Европска комисија понудивме да дадеме поддршка, да ги обезбедиме неопходните експерти кои можат да гарантираат независност на истрагата, а на одговорните во земјата е да се позанимаваат со тоа. Тоа, исто така, ќе биде показател за европската перспектива на земјата”, изјави Хан.

Основното барање на Брисел е Македонија сама да најде договор и излез од кризата.

“Македонија е суверена земја која мора, едноставно мора, самата да ги донесува одлуките за својата иднина. Се друго може да се смета за наметнато и може лесно да биде отрфлено од гласачите кога тие ќе треба да го дадат својот глас. Никој не може да каже кој треба да даде оставка и каква влада е потребна. Па вие не сте протекторат!”, остро вели еден дипломат.

Тој потсетува дека Македонија е земја кандидат за членство и оваа “титула” треба да се задржи. Земја кандидат во која некој од надвор носи решенија не може да биде кандидат за членство.

ЕК негира дека се бара “специјален претставник” за Македонија. Но може да се каже дека најверојатно не станува збор за функцијата “специјален пратеник” туку за човек со политичко искуство и кредибилитет кој не мора да престојува во Македонија но треба да го надгледува спроведувањето на она што лидерите ќе го договорат. Можно е тој гарант да биде и ЕУ амбасадорот во Скопје. Имињата кои се споменуваат никој не ги потврдува. Желбата на сите е да има договор за излез од кризата до крајот на јуни но никој не става рака во оган дека тоа е можно.

Не е познато во детали што има на преговарачката маса на македонските лидери, каква влада треба да се креира и кој во неа ќе седи.

“Премиерот самиот рече на еден од неговите митинзи дека тој нема да учествува во преодна влада. Мислам дека тоа еден од аргументите на преговарачката маса и значи дека и Заев не треба да биде во таа влада”, вели нашиот извор но додава дека тоа е само негово лично мислење и секој обид да се погодува за што точно се преговара во овој момент се само шпекулации. За добро на преговорите, додава тој, тие треба барем засега да останат тајни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.