Добрите вести од Балканот се ретки па затоа портпаролот на Европската комисија (ЕК) денес покажа воодушевеност од именувањето на специјалната обвинителка во Македонија.
На прашањето дали ЕК има реакција на именувањето на Катица Јанева, портапаролот рече: “Секако дека имаме реакција, особено кога доаѓа добра вест од Балканот!”
Портпаролката на комесарот за проширување Јоханес Хан потсети дека самиот комесар и тројца пратеници го олеснувале дијалогот во Македонија во јуни и јули:
“Сега очекуваме да биде усвоен законот во Собранието и се разбира очекуваме дека специјалниот обвинител ќе ја добие целата потребна поддршка за да може да ја исполни својата задача”.
Портпаролката потврди дека комесарот Хан ќе допатува во Скопје на 18 септември каде што ќе се одржи сесија Високиот политички дијалог помеѓу ЕК и Македонија.