Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екологија попушти:Макстил да изврши вонредна анализа на честичките

0
By Менче Атанасова Точи on June 27, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вонредно мерење на фугитивната прашина од страна на акредитирана лабораторија за мерење на амбиенталниот воздух, но и хемиска анализа на честичките побара од Макстил Државниот инспекторат за животна средина. Министерството за животна средина попушти под притисокот на граѓаните кои се жалат дека во последните денови Макстил испушта енормно густ чад кој има карактеристичен и неподнослив мирис.

Со ова Макстил се задолжува покрај мерење и контрола на ПМ 10 честичките или т.н суспендирани честички, да се направи и хемиска анализа на нивниот составот.

-Доколку се утврди дека причинител за испуштање на емисиите над дозволената граница е Макстил ќе се постапи согласно казнените одредби пропишани во законот за животна средина и тоа од 70.000 до 100.000 евра во денарска противредност за правното лице и 8.000 до 13.000 евра за одговорното лице, соопштуваат од Министерството за животна средина.

Жителите на населбата постојано се жалат дека фабриката испушта големо количесто чад и прашина поради што не можат да ги отворат прозорците, а на многу од нив им е нарушено здравјето. Но, во последните денови граѓаните се особено загрижени бидејќи во воздухот се чувствува мирис на хемиска материја.

Од Министерството соопштуваат дека добиле известување од Макстил дека денес и во наредниот период нема да работат поради дефект на Електролачната печка.

Макстил има рок до 30 октомври да стави филтри за заштита од опасните честички, откако Владата неколку дена пред истекот на рокот во април, го пролонгираше рокот на компанијата. Останатите гиганти, како и помалите фабрики обезбедија филтри за заштита на воздухот.

Светката банка во својот последен извештај оцени дека загадувањето на воздухот во Македонија е едно од најголемите во Европа,а загадувањето на воздухот со години е над европските стандарди.

Земјава е на прво место на листата на банката, кога станува збор за изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички. Веднаш зад нас е Србија, а потоа следуваат Романија, Бугарија и Малта.

Но, дополнително во извештајот е наведено дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно од ПМ10 честичките.

Истражувањата на Светска банка укажуваат на тоа дека цврстите честички се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и илјадиници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од БДП.

„Прераната смртност се појавува од кардиопулмонарни заболувања и рак на белите дробови. Во 2011 година, нивото на загадување од цврсти честички беше примарно одгвоорно за 485 нови случаи на хроничен бронхитис, 770 болнички приеми и 15.200 итни посети. Со намалување на ПМ10 и ПМ25 до европските гранични вредности ќе се избегнат повеќе од 800 смртни случаи и многубројни изубени работни денови, со што ќе се реализира заштеда во здравствени трошоци од 151 милиони евра годишно“, се нотира во извештајот на Банката.

Министерството за животна средина воопшто не се огласи по однос на извештајот на Светската банка, кој Македонија ја стави во рангот на најзагените земји.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.