Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Економијата на инфузија – бизнисот бара решенија

0
By Нова ТВ on May 13, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стопанството веќе се соочува со сериозни ликвидносни проблеми, а најавите за можна изолација на Македонија ќе бидат погубни за економијата – оценуваат дел од бизнисмените откако на адреса на четворицата политички лидери, Заев, Груевски, Ахмети и Тачи стаса писмо од Холандија со силна порака дека политичката криза мора да се разреши во пакет со отворените, а не решени пролблеми.

“Ако се оствари најцрното сценарио, евентуална изолација, политичка а со тоа и финансиска на земјава, тоа ќе биде погубно за економијата. Тогаш и песимистичкото сценарио на Народната банка за раст од 1,6% ќе ни се чини дека е оптимистичко. Имено, ние веќе ги добивме првите сигнали, односно изјави од амбасадорите дека е можно меѓународниот фактор да преземе потези кои ќе упатуваат на “изолација“. Овие пораки мора да се сфатат со сериозност“, коментираат дел од бизнисмените за Порталб.мк.

Ризикот од можна политичка и економска изолација на земјата не е пресметан во новите ревидирани прогнози за економски раст што ги објави Народната Банка. Имено, НБМ соопшти дека според основното сценарио економскиот раст ќе биде 3,5 отсто, но според песимистичкото, растот на БДП ќе изнесува 1,6%.

“Ваквата ситуација ќе влијае на инвеститорите, очекуваме пониски странски директни инвестиции и намалени домашни инвестиции. Исто така се очекуваат понеповолни движења на пазарот на труд, и секако ризици за финансирање на економијата. Сето ова доведува до последици како намалена кредитна активност, намалена извозна активност, помал економски раст, помалку креирање работни места“ – изјави гувернерот Димитар Богов.

Токму во  песимистичкото сценарио на НБМ, кое се базира на внатрешно-политичките ризици,  не е пресметан оној од можните санкции или  евентуална изолација на земјата.

Во писмото од шефот на холандската дипломатија меѓудругото се потенцира дека аболицијата мора итно да се повлече, на СЈО да им биде овзоможено до крај да си ја сработат работата и се потсетува дека нема минимум услови за кредибилни избори. Холандскиот министер Берт Кундерс побара од лидерите итно да најдат излез од политичката криза во интерес на стабилноста на државата, во спротивно Македонија е под закана на санкции.

„Договорот од Пржино што го потпишаа сите лидери мора да се почитува и тоа е силна позиција на ЕУ. Ако пропадне Пржинскиот договор, Македонија ќе се соочи со сериозни последици и санкции.„Фер, демократски и кредибилни и фер избори се круцијалниот дел од Пржинскиот договор кој не смее да пропадне за демократската иднина на вашата земја и тие мора да се испорачаат без понатамошни одлагања“, пишува во писмото.

Дел од стопанствениците велат дека ова “црно“ сценарио на санкции би имало разорна сила на цунами, по кое земјата тешко ќе може да закрепне.

“Да потсетиме дека повеќе од две третини, или 77% од извозот што сме го оставриле лани, е со земјите-членки на ЕУ. Најголемите инвеститори во земјава доаѓаат исто така од Европската Унија. Во банкарскиот сектор доминираат европски банакрски бренодови. Наштите најголеми финасисери се меѓународните европски финансиски институции“, коментираат бизнисмените.

Сега, и без изолација, состојбата во стопанството не е поволна, фирмите се соочуваат со неликвидност при постоење само на внатрешно политичка криза, коментираат од Комората на северозападна Македонија.

“Стопанството се соочува со сериозни ликвидносни проблеми, а тоа најмногу го чуствуваат малите и средни фирми. Проблемите практично не се променети, ќе се соберат ненаплатени поабрувања и потоа со мака бизнисот се обидува да ги наплати. Дури и се бара припадност кон одредена политичка гарнитура, се уште има наплата според овој приоритет“, вели за Порталб.мк Мендерес Кучи од Комората на северозападна Македонија.

Дел од економистите веќе предупредија дека земјата влегува во зона на економска нестабилност.

“Последиците од постојната политичка криза веќе ги чувствуваме. Странските инвестиции се на многу ниско ниво, задолжувањето постојано расте. Политичката криза неминовно ќе  доведе до раст на каматните стапки, потоа негативно ќе се одрази на домашните инвестиции, до релативно намалување на домашната побарувачка, а сето тоа ќе доведе до зголемување на негативното салдо на тековната сметка, а со тоа и на салдото на билансот на плаќање, состојба која што лесно може да не доведе до позиција  на несолвентност“, вели за “Потралб“ универзитетскиот прфесор Сами Бислими.

За разрешница на политиката криза, која веќе го зема данокот и во економијата се вклучува специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
ФОКУС

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

ВЕСТИ October 14, 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум…

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.