Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Економски интереси ја уништуваат зелената оаза на Скопје

1
By Нова ТВ on November 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 14, 2013 15:34

Водно е белиот дроб на Скопје кое е опкружено со планини. Веќе подолго време Водно е предмет на интензивни урбанистички проекти. Жителите и еколошките здруженија алармираат за опасностите на забрзаното сечење на шумата но властите не ја напуштаат економската логика.

Дописничката Жаклина Наумовски од Скопје на францускиот сајт “Балкански гласник” пишува на оваа тема велејќи дека паркот Водно е отворен во 1976 година како најголем зелен појас на Скопје од 4.573 хектари од кои 1.410 се во шума. Пред креирање на паркот Водно било малку пошумено но од 1950 година властите организирале широка кампања на садење дрва.

Денес паркот е дел од градскиот пејсаж и негов бел дроб во градот кој е еден од најзагадените во регионот. Она што природата го креирала во текот на десетици години е сега во опасност и тоа од чисто економски причини.

Првиот проект кој почна да го напаѓа Водно е изградбата на жичара од 1.4 км во 2011 година до местото каде е изграден Милениумскиот крст. Жичарата веќе предизвика многу реакции бидејќи за него требаше да се исечат 5,5 хектари шума а проектот предвидува нејзино продолжување до 3,5 км за да се стаса до врвот на планината. Самата инсталација е рана во пејсажот.

Друг проект кој се реализира е изградбата на нова туристичка атракција, Македонско село, кој треба да го стави до израз богатството на македонската архитектура. Ситуиран пред средновековната црква во селото Нерези тој ќе се протега на 1,5 хектари.

Ова село за одмор на туристи ќе биде составено од куќи кои претставуваат различни архитектонски стилови, традиционална крчма, воденица и други градби за да се реституира амбиентот од минатото. Се планира етнолошки музеј, амфитеатар и езеро. Проектот треба да биде завршен во 2014 година за сума од 5,2 милиони евра. За проектот се исечени 2 хектари шума.

Екологистите и граѓаните кои ја сакаат својата планина се незадоволни и од друг проект – Сончевиот град. Ова е вистинско дивеење за да се изградат патишта за пристап до новиот кварт кој се протега на 58 хектари до селото Сопиште. Градежните фирми рушат се околу на површина од околу 4,5 км. Планината почнува да личи на каменолом а жителите се жалат на голема врева од градилиштето.

Од страна на властите никој не реагира на жалбите на жителите. Екологистите како ЕкоЛоџик велат дека сечењето на шумата ќе има драматични последици за животната околина и воздухот за 700.000 жители на Скопје.

Според санитарните власти квалитетот на воздухот во Скопје е алармантен. Институтот за здравство предупреди дека е неопходно да се намали бројот на честички ПМ10 за 20 микрограми. Со тоа ќе се спречи смртта на 117 лица кои годишно умираат од болести на дишните патишта.

Официјално, објаснувањето е дека изградбата на патиштата е неопходна за идните 3000 жители на Сончевиот град затоа што тоа ќе дозволи пат за 700 до 1000 возила секој ден кои ќе минуваат оттаму. Проектот е на турската фира Чевахир која исто така гради две згради од по 40 спрата во квартот Аеродром.

Спорото рушење на оваа зелена оаза на Водно ги нема симпатиите на жителите кои немаат начин да реагираат. Единствената еколошка партија во земјата е ДОМ, која е дел од владината коалиција, и е сосема нема во однос на сето ова. Во моментов само економските интереси и евентуалната заработка се важни за власта. Сето тоа на штета на јавното здравство и животната средина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026

Косова прес: Артан Груби е виден во главниот град на Косово

January 8, 2026

Претставена првата батерија за автомобили – се полни за само 5 минути

January 8, 2026

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026
ФОКУС
January 8, 2026

Париз: Франција ќе го спасува Гренланд од Трамп

ВЕСТИ January 8, 2026

Белата куќа вчера соопшти дека Трамп разговара за опции за стекнување на Гренланд, вклучително и…

Вашингтон: Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни групи и организации

January 8, 2026

Минеаполис: Во анти миграциска акција брутално убиена мајка на три деца – избувнаа протести

January 8, 2026

Трамп: Се сомневам дека НАТО би бил тука за нас ако ни треба, но Америка секогаш ќе биде тука за НАТО

January 7, 2026
ТИКЕР

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026

Косова прес: Артан Груби е виден во главниот град на Косово

January 8, 2026

Претставена првата батерија за автомобили – се полни за само 5 минути

January 8, 2026

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.