Поранешниот гватемалски претседател Алфонсо Портиљо ќе се појави во њујоршкиот суд денес, да одговори на обвиненијата дека тој испрал 70.000.000 долари преку банки во САД, додека бил на власт, јавува Си-Ен-Ен.
Портиљо, кој беше екстрадиран во САД минатата недела, отсекогаш ги негираше обвиненијата против него и вели дека обвинувањата се базираат на лаги на политичките непријатели кои бараат одмазда.
“Во САД, тоа е одмазда од најбогатите група на американската десница”, рече тој во интервју за Си-Ен- Ен на шпански, во јануари. “Тие ме обвинуваат за тоа што сум единствениот претседател кој не ја поддржуваше, со свој потпис, ниту со дозвола, инвазијата во Ирак.”