Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска седна во обвинителна клупа

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почна судењето за екс претседателката на ДКСК Димитровска. Обвинителството ќе докажува две дела – дека му одала службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во „Адитив“, но и дека ревизорот Столевски во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“.

Одбраната ќе го побива обвинението дека податоците што завршиле кај Стојановиќ не се службена тајна, туку јавно достапни.

За делото компјутерски фалсификат, велат дека тестот не е клучен елемент за таа да добие сертификат државна тајна, туку проценката на АНБ.

За таа цел предложиле да сведочи претставници на АНБ и од ДКСК.

Очекувам за Татјана Димитровска ослободителна пресуда, тоа е се што можам да кажам во овој момент, бидејќи во меѓувреме доставивме докази, кои целосно го дискредитираат обвинението против неа. Тоа се докажи од Антикорупциска, извештај од 30 јули 2025 година, со ко се потврдува тезата на одбраната дека не е остварено законско битие на кривичното дело одавање на службена тајна, рече Владимир Туфегџиќ, адвокат на Димитровска.

Одбраната има право да има своја теорија на случај но обвинителството располага со цврсти докази за да ја докажат вината на обвинетите, велат обвинителите.

При крај е и анализата на податоците екстрахирани од телефонот на Димитровска.

Имајќи предвид дека се работи за околу 250.000електронски записи од телефонот на претседателката, меѓутоа сакам да ве известам дека заедно со колегата паралелно додека се врши анализата на податоците од телефонот, обвинителството презема и други дејствија, како прибавување на потребни податоци од сите надлежни институции и сослушување на сведоци по однос на одредени индиции коишто произлегуваат од овие податоци, рече Наташа Поп Трајкова, обвинителка во ОЈО ГОКК

Покрај Димитровска денеска на обвинителна клупа седнаа и ревизорот Миле Столевски како и обвинетите Борче Најдов , Билјана Петровска Мантева.

Обвинителите бараа овој предмет  да се спои со „Адитив“, адвокатите се противеа, а судиите одлучија постапката да се раздвои само за Борче Најдов.

Еден од адвокатите ја спореше и надлежноста на одделот за организиран криминал, судиите  не прифатија но за ова прашање ќе треба да се произнесе и Апелација

димитровска судење татијана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

ВЕСТИ October 2, 2025

Десетици илјади демонстранти маршираа низ улиците на француските градови денес, послушајќи го повикот од синдикатите…

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.