Според проектот „Скопје 2014“ предвидени се шест галии „да пловат“ по реката Вардар во Скопје.
Како се одвиваат градежните активности, и поглед одвнатре на галиите на „Фаланга“ која ќе стопанисува со нив наредните 10 години, погледнете во видеото на НОВА.
>> Никнаа бетонски столбови за втората галија во Вардар
Галијата која ќе биде француски ресторан, сместена спроти Стариот театар е веќе издигната, внатре сеуште се работи. Додека за втората галија, кај „Холидеј ин“, предвидена за бар за закуски на вода деловите се пристигнати и се склопуваат интензивно.
>> ФОТО: Потона багер од проектот Скопје 2014
Во четвртокот токму кај втората галија потона багер во водите на Вардар, дел од градежните машини.
Сопственикот на ресторанот „Воденица“ Стојан Филиповски, е човекот кому му е дадено градењето на новата галија – хотел: планирани се 16 соби, два апартмана. Ќе биде долг 35 метри, широк 16 метри, ќе никне на три ката, ќе има едра високи 35 метри. Сплавот, ќе биде покриен со дрвен материјал, пишува Утрински.
>> Хотел-ресторан ќе никне во Вардар
Столбовите за хотелот-галија се очекуваат да бидат поставени деновиве.