Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: Детската парализа може да се прошири во Европа, Македонија со ризик

0
By Менче Атанасова Точи on November 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опасниот вирус кој предизвикува „детската арализа “не само што може да се прошири во регионот околу Сирија, туку може да се прошири и во Европа предупредуваат експерти во научното списание The Lancet. Авторите посочуваат дека во регионите на Европа, каде што покриеноста со вакцинацијата е на ниско ниво, колективниот имунитет може да не биде доволен за да се спречи преносот доколку се појави вирусот.

Илјадници луѓе бегаат од Сирија во Европа за да побараат засолниште во некоја од земјите во Европа и тие може да бидат преносители на опасната болест. Експертите оценуваат дека не е доволна вакцинацијата само на бегалците од Сирија, како што беше препорачано од Европскиот центар за превенција и контрола, туку треба да се превземаат посеопфатни мерки за превенција.

Како земји каде што може да се развие инфекцијата се посочуваат земјите со ниска покриеност со вакцинација против „детска парализа“како што е Босна и Херцеговина каде што 87 проценти од децата не се вакцинирани,Украина со 74 проценти невакцинирани со полио.

Експерите укажуваат дека вакцинација обезбедува висок процент на заштита од болеста, но овој тип имунизација бил прекинат во Европа поради ретките случаи на акутна флакцидна парализа. Само некои од земјите членки на Еу, сеуште дозволуваат употреба на овие вакцини и ниту една земја нема залихи од вакцините предупредуваат експертите.

Martin Eichner од универзитетот во Tuebingen и Stefan Brockmann од региналното биро за јавно здравство во Reutlingen пишуваат дека најголемиот дел од европските земји употребуваат неактивна вакцина IPV, а не орална OPV, односно жива вакцина. Иако IPV ја спречува „детската парализа“, само делумно штити од инфекција и затоа е помалку сигурна, доколку вирусот активно циркулира меѓу луѓето велат тие.

Стручњаците препорачуваат и рутински скрининг на отпадните води особено во камповите на сиријски бегалци за да се види дали таму е присутен вирусот.

Инаку, „детската поарализа“ се пренесува со контаминирана вода или храна, а во Сирија пред еден месец е потврдена епидемија кај 22 деца, каде што болеста не била присутна 14 години. СЗО смета дека болеста најверојатно се проширила од Пакистан и предупреди дека сириската епидемија е закана за милиони деца на Блискиот исток.

Вирусот се пренесува од човек на човек и брзо се шири меѓу децата, посебно во нехигиенски услови, во бегалските логори. Болеста го напаѓа нервниот систем и за кратко време предизвикува парализа.

Benjamin Neuman, вирусолог од британскиот Универзитет во Reading се согасува дека новата епидемија преставува опасност за соседните земји и пошироко.

-Секое новородено дете е во опасност од „детска парализа“ додека не се вакцинира. Додека вирусот не биде сосема искоренет мора да се продолжи со вакцинација вели Neuman.

Инаку, вчера Граѓанските организации ЕСЕ, ЦДРИМ, ЛИЛ и КХАМ, предупредија дека покриеноста со вакцина против „детска парализа“ кај децата Роми во Македонија е на многу ниско ниво и тој процент постојано опаѓа.

Против„детска парализа“ не се вакцинирани 53 проценти од децата Роми во Злокуќани, 45 проценти во населбата Ѓорче Петров и 27 проценти во Шуто Оризари.

Тие посочија дека, иако Владата одвоила 2 868 600 денари, оносно 14 проценти од вкупниот буџет за Програмата за мајки и деца за оваа намена, по девет месеци овие средства се намалени за 50 проценти.

Со тоа се редуцирани бројот на посети во ромските семејства и патронажните служби, со што се намалува можноста да се пронајдат децата кои не се вакцинирани, како и едукацијата на семејствата. Во вакви средини многу лесно може да се случи да букне некоја од овие заразни болести предупуваат невладините организации.

Тие бараат Владата серизоно да се заложи и да одвои средства за оваа намена, а не само средствата да се одобруваат декларативно односно само на хартија. Од Институтот за јавно здравје пак, уште пред неколку дена за НОВА потврдија дека нема опасност за Македонија бидејќи севкупната покриеност со вакцинација на ниво на држава е на задоволително ниво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.