Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти ги чешлаат документите од незавршениот објект во Бардовци

1
By Менче Атанасова Точи on July 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство ја чешла документацијата од Проектната единица задолжена за реконструкција на два објекти во Психијатриската болница во Брадовци за што е земен кредит кредит од три милиони евра Централна Европската Банка. По сторијата на НОВА за душевно болни пациенти кои седум години се иселени од зградата бидејќи реконструкцијата не е завршена, од Министерството велат дека бараат решение за проблемот  за пациентите кои сместени во несоодветни услови, што побргу да се вратат назад.

Министерството за здравство и должи 900 000 евра на Фирмата „Ингра“ АД од Загреб која е изведувач на работите поради што изградбата е стопирана од декември минатата година. Фирмата го тужи Министерството за здравство и си ги бара парите со камата.

„ Во моментов се изнаоѓаат решенија за исплата на компанијата, која ги има извршено градежните работи, а истовремено и да се запази интересот на пациентите.

За таа цел, стручни лица од областа ја анализираат целокупната документација, додека на компанијата и се нуди можност исплатата да се одвива на неколку рати. Доколку истата за нив е прифатлива, тие би можеле да пристапат кон завршните градежни активности.

Крајната цел  е унапредување на условите за третман и лекување на пациентите“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.

Објектот во кој беа сместени околу 70 најтешките душевно болни(кои таму остануваат до крајот на животот), е почнат да се реконструира пред седум и откако застанаа работите за цело време е обезбедуван од тројца чувари.

Извори за НОВА од болницата потврдуваат дека болните се живеат во други одделенија, несоодветни за нив,  каде условите се катастрофални, зад решетки, собите се пренатрупани со пациенти, а од таму се шири непријатна миризба. Зградата каде што треба да се вратат да живеат е речиси завршена, во неа има само уште еден месец работа, потврдуваат од фирмата изведувач на работите.

Во фирмата се зачудени на одговорот  од Министерството за здравство бидејќи тие воопшто не биле контактирани, но велат дека се согласуваат парите да ги добијат на рати за конечно да биде завршена реконструкцијата и пациентите да се сместат во похуман третман. Од таму се сомневаат дека парите за оваа намена во време на екс министерот Тодоров и неговиот советник и прв човек на Проектната единица Јован Грповски кој се уште е на оваа позиција, парите ги пренамениле за нешто друго.

„ Се согласуваме парите да ги исплатат на рати, не е проблем. Но, како е можно средства од кредит да се исплатат на рати кога Банката не дозволува пренамена на средствата. Сето ова наведува на сомнеж дека парите биле пренаменети за реконструкција на други болници и сега ќе мора да се одвојува од буџетот“, изјави за НОВА, Делчо Арсоски сопственик на „Ингра“ АД.

Во 2009 година со кредит од ЦЕБ било предвидено да се изврши реконструкција на два објекти во болницата со површина од 4000 метри квадратни, во вредност од три милиони евра. На тендерот во 2010 година добила фирмата „Ингра“ АД од Загреб која требало да ги реконструира првото акутно и четвртото и петтото машко одделение. Изградбата од темел на првото одделение била завршена во дадениот рок, но проблемите се јавиле при реконструкцијата четвртото и петтото одделение каде што се сместени најтешко болните.

Изведувачот вели дека Министерството за здравство изгубило интерес и одбило да ги плаќа сметките поради што реконструкцијата на објектот се развлекла со години, за во декември минатата работата да биде комплетно стопирана.

Но, ова не единствен случај на злоупотреба на парите од кредитот на ЦЕБ. На истата фирма Министерството за здравство и должи 700 000 евра за изградбата на детската болница за белодробни заболувања во Козле. Целиот проект чинел 7, 5 милиони евра, од кои 3 милиони се донација од банката, тврди Арсоски.

Болницата во декември 2015 година свечено со сечење ленти ја пуштија во употреба екс премиерот Груевски и екс министерот Тодоров, а дури десет дена подоцна болницата доби дозволата за пуштање во употреба.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Оставката на Ана Чупеска

ВЕСТИ November 3, 2025

Ана Чупеска, потпретседателката на СДСМ, како што е веќе познато во јавноста, поднесе оставка на…

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.