Мајкл Џексон починал додека се подготвувал да постави светски рекорд за дотогаш најуспешниот концерт, но тој незнаејќи поставил уште еден рекорд кој доведе до негова смрт, јавува CNN.
Џексон можеби е единствениот човек кој издржил без REM (нормална фаза на спиење карактеризирана со зголемено движење на очите), која е од витално значење да се задржат мозокот и телото во живот.
Д-р Конрад Мареј изјавил дека на Џексон 60 ноќи му било давано инфузија за лекување на неговата несоница и тоа е нешто кое што никој досега го нема преживеано.
Според д-р Чарлс Чизлер од Медицинскиот факултет на Харвард, пропофолот го нарушува нормалното спиење и не нуди РЕМ спиење, но сепак тоа на пациентот му остава чувство на свежина исто како да доживеале вистински сон.