Едно лице е повредено, кога товарен воз излета од шините во предградието на Балтимор, во американската држава Мериленд, по што имаше силна експлозија која ги оштети зградите во близина.
Властите во Балтимор велат дека возот удрил во приколка на камион и се излизгал надвор од шините во близина на индустриската зона.
Возачот на камионот е повреден и е хоспитализиран, но е во стабилна состојба.
На снимката се гледаат најмалку три вагони надвор од колосекот, како и густ облак чад. Несреќата се случила во 14 часот по локално време, а околните улици биле евакуирани.