Седум луѓе загинаа во две експлозии во Бејрут, близу иранската амбасада. Засега не се познати причините за експлозиите, околу тоа дали се работи за автомобили-бомби или пак ракетни напади.
Во квартот Џанах, каде што и беше една од експлозиите, се наоѓа и седиштето на влијателната либанска шиитска партија Хезболах, која е главен сојузник на сиријскиот претседател Башар ал Асад.