Три автомобили се оштетени во експлозија која се случи синоќа во Сплит, соопшти локалната полиција.
Нема повредени во експлозијата, која се случила 40 минути после полноќ, недалеку од Бачвице.
Во тек е увид кој треба да покаже каков вид на експлозив бил употребен, јави Хина.
Порталот Index неофицијално дознава дека мета на нападот бил автомобилот на адвокатот Винко Љубичиќ.
Инаку ова е втор напад врз возниот парк на Љубичиќ. Автомобил на истиот адвокат веќе еднаш бил кренат во воздух, пред повеќе од една година.