Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Елате, браќа муслимани при нас

0
By Биљана Секуловска on August 5, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тогаш кога Талат Џафери се обрати на Илинден, како претседател на Собранието, тогаш кога го цитираше Крушевскиот манифест, да, токму тогаш се сруши светот, се струполи со сета сила  врз гневните, задушените, осакатените од друг допир, здив и лик, оние кои гордо се нарекуваат себе националисти.

Што рече Џафери, тогаш кога потсети дека во Манифестот се втемелени мултиетничкиот, мултикултурниот и мултиконфесионалниот карактер на нашата држава :

“Елате браќа муслимани при нас, да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на „Афтономна Македонија. Македонија е заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија. Мили наши комшии, како Турци, Арнаути елате при нас браќа, да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живеат мирно, да си работат спокојно и да напредуваат“.

Тогаш, тој ден беше најтешкиот за оние кои живеат во параноја, како што ги дијагностицира Данило Киш, оние кои имаат опсесија, како што вели Орвел, оние кои се преплашени од поинаквите од себе, оние кои се родиле за да станат живи мртовци затоа што одлучиле да се пикнат во себе, во сопствениот мрак и лудило.

Оние чии очи сјаат со мизерен бес во оној момент кога ќе спомене поинакво име, невообичаено за нивната паланка, нивното племе, тоа се оние примитивци кои  избезумено се развртуваат ако слушнат друг јазик, погледот кога ќе им сопре на поинаков од нив лик, кој, колку тие не знаат дека всушност токму нивниот сопствен лик е карикатурален, бесмислен и убиствен, затоа што само така изгледа национализмот.

Некаде имам прочитано дека нашиот вистински национален идентитет е човечноста, после сме се друго, доколку одбереме и навистина инсистираме на поделби и различности, тогаш кога не раздвојуваат и пресекуваат на половина.

Тоа е лекцијата која ја одржа Талат Џафери тогаш кога националистите ги затворија ушите и очите за да не го гледаат и да не го слушаат тогаш кога ги потсети на историјата, наша, а тоа значи само заедничка, се разбира. Тоа е таа лекција која Џафери ја соопшти, зарем навистина не знаат оние кои се потпишуваат како националисти дека не постојат чисти народи, нации, култури, јазици, идеологии, држави, чисти во фашистичка смисла, како кога убијците си ги мијат рацете долго, предолго, затоа што да се биде чист и блескав, зарем не е најважно откако ќе се убие претходно?

Нашиов убиец, нашиов националист, ден претходно мораше да ги затвори ушите за да не слушне сличен говор на оној на Џафери- “Зарем да војуваме”, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов тука во Скопје, кога го потпишуваше Договорот за добрососедство со македонскиот премиер Зоран Заев: “Зарем не војувавме доволно, зошто сега да не славиме заедно ист празник, Илинден, поради војните дојдовме до тука, да станеме најбедното место во Европа”.

Како вели Беса Арифи во нејзината последна колумна – “не им успеа, тогаш кога се говореше за ноќи на долгите ножеви, за клетите Шиптари, за земање на судбината во своите раце”.

Ништо од ова не се случи, не заплака Кипот на слободата, не се распарчи од тага Цар Самоил, остана свет и гробот на Гоце Делчев, уште живеат Илинденците, тогаш кога им се поклонуваа Заев, Борисов и Џафери, затоа што национализмот мора да го прогласиме мртов, ако сакаме заедно да продолжиме да живееме.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.