Електронската аукција за постапката за доделување на договор за јавна набавка по огласот за набавка на 100 возила во полициска изведба e закажана за денеска попладне МВР.
Комисијата за јавни набавки при МВР ја заврши евалуацијата на пристигнатите понуди по што сега следи електронската аукција.
Во игра се „Автонова“ со возило „Цитроен Ц-1 Х“, „Еуроимпекс“ со возило „Пежо 107 ацес“, „Порше Македонија“ со „шкода сити го“ и „Аутомакедонија“ со возило „шевролет спарк“.
Понудените цени се движат од 47 до 65,8 милиони денари за набавка на100 возила со целосна опрема, звучна и светлосна сигнализација, четири резервни гуми и гарантен период од три години.
Пред неколку месеци МВР набави 150 нови полициски возила од брендот „шкода јети“.