Британскиот пејач Елтон Џон е познат по своите ексцентрични барања, но според светските медиуми, се надминал самиот себе кога за својот концерт во сабота, во Бразил, побарал да му се обезбеди посебна соба во хотелот само за неговиот очила.
А температурата во собата за очилата не смее да биде повисока од 16 целзиусови степени, открил еден од неговите продуценти.
Елтон Џон ќе настапи во бразилската држава Минас Герис и се очекува дека на стадионот каде што е закажан концертот ќе пристигне 60 илијадна публика која ќе плати влезница од по 270 евра.
Портпаролот на организаторот на концертот соопштил дека Елтон Џон ќе престојува во градскиот хотел со 5 ѕвезди „Оуро Минас“ и дека тој барал во собата да има телефон со интернационална линија и кабловска телевизија со спортски канали.