Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Енгелберт Хампердинк – пејачот кој со позајмено име стекна светска слава

0
By Нова ТВ on August 6, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: Михаил Мице Бошковски

Во втората половина на 60-тите години, во Англија се појавуваат двајца пејачи кои со своите песни ги симнуваа Битлси од првите места, што не беше ниту мала, ниту лесна работа.. Интересно е што и двајцата беа раководени од еден ист менаџер и продуцент, кој не само што им ги смени имињата, туку ги вивна во самиот врв на светската популарна музика – Том Вудворд (Том Џонс 1940 – ) и Арнолд Џорџ Дорси (Енгелберт Хампердинк).

Тоа беше, во тоа време младиот и амбициозен музичар, продуцент и менаџер Гордон Милс (1935 – 1986), кој во почетокот на 70-тите прослави уште еден пејач (Гилберт О Саливен 1946 – ).

А нашиот денешен херој Енгелберт Хампердинк е роден во Индија во 1936 година во десетдетно семејство на британски офицер во време кога Индија се уште е британска колонија.

Во Англија се враќаат една година пред Индија да стане независна држава. Тогаш малиот Арнолд имал 10 год. и почнал да учи да свири на саксофон. Кога веќе потпораснал работи во една фабрика а во вечерните часови настапува во локалните пабови. Првпат пропеал на инсистирање на своите пријатели кога имал 17 год.

Кариерата принудно му била прекината кога го отслужувал воениот рок, а подоцна и кога се разболел од запаление на белите дробови. Кога успешно закрепнал повторно почнал да настапува, но немал успех се додека не се сретнал со неговиот поранешен познаник Гордон Милс кој веќе ги имал првите хитови со Том Џонс.

Милс, првин го убедил дека неговото име Арнолд Џорџ Дорси е многу вообичаено и му предложил необично име за полесно да го препознаваат или исто име како на германскиот композитор Енгелберт Хампердинк кое на германски се изговара Хумпердинк (1854 – 1921), познат по операта „Хансел и Гретел“ (1893), според бајката на браќата Грим, кај нас позната како „Јованче и Марика“.

Името навистина е невообичаено и многумина не можеле да го запаметат или да го изговорат, но сите тие совршено добро ги знаеле неговите песни.

Првиот хит со кој Хампердинк се прославува е „Release me“ (кантри песна на Еди Милер (1919 – 1977), од 1946 г. што пред тоа ја снимиле Реј Прајс (1926 – ), Кити Велс (1919 – ), Естер Филипс (1935 – 1984), а во 1970 г. и Елвис Присли (1935 – 1977).

Таа станува светски хит со милионски тираж и до ден-денес е препознатлив бренд по кој се идентификува и е неизбежен „десерт“ на сите негови концерти. Следуваат исто така многу успешните хитови: „There Goes My Everything“, „The Last Waltz“, „Am I That Easy To Forget“, „A Man Without Love“, „Les Bicyclettes De Belsize“ и др.

Се се тоа хитови што достигнале милионски тиражи. Таа еуфорија по Енгелберт Хампердинг трае некаде до 1972 г. кога се сели на сцените во Лас Вегас каде пее за повозрасната богата клијантела. Од тогаш во ниеден момент не застанува. Редовно снима албуми. Ги има преку 50.

На топ листите ретко е присутен, но во поедини периоди одржува и по двеста концерти годишно. Сиот свој подоцнежен репертоар го прилагодува на концертните настапи. Пее и нови песни, но најчесто се определува за проверените стандарди кои веќе се здобиле со епитетот „евергрини“ кои публиката ги знае, лесно ги прифаќа и ги пее зардно со него: „Stardust“, „What A Wonderful World“, „She“, „Spanish Eyes“, „Мy Way“, „Quando Quando Quando“, „The Little Café By The Harbor“ и др.

Посебно е омилен кај женскиот дел од публиката. Во еден период беше препознатлив по големите зулуфи и по екстравагантните светликави одела, за да подоцна, го споредат со виното – „колку е постар толку е подобар“.

Големата слава и пари му донесоа и многу афери. Тој го одржа бракот со сопругата Патриша со која имаат четири деца, иако неколку жени го обвинуваа дека и со нив има пород. Целото семејство е вклучено во неговата кариера и затоа Хампердинк важи за многу богат човек.


фото: Енгелберт Хампердинг и сопругата Патриша

Своевремено купи еден второлигашки фудбалски клуб во Англија, а додека живееше во Холивуд ја купи куќата на славната актерка Џејн Менсвилд (1933 – 1967), која трагично загина во автомобилска несреќа.

Енгелберт Хампердинк имаше и судски спор со наследниците на истоимениот германски оперски композитор, кои му го оспоруваа правото да го користи името затоа што немаат крвна врска. Но, и тоа не му попречи да стане омилен пејач, идол на многу генерации.

Неговиот успех, пред се, се должи на неговиот ангелски глас, беспрекорна интерпретација и целосната посветеност на кариерата. А публиката знаеше да му врати и да го прогласува за забавувач на годината, за „крал на романсата“ и да ги купува неговите изданија кои достигнаа до бројката 68 златни и 26 платинести плочи во светски рамки.

Во 2012 г. Хампердинг настапи и на Евровизија како претставник на Англија со што државата му приреди голема чест. Не се прослави иако својот дел од работата го изврши безпрекорно, но сепак неговата песна која жанровски се разликуваше од останатите, ќе остане да се слуша од неговите почитувачи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.