Енрико Лета, внук на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е новиот мандатар на новата влада на Италија.
Претседателот на Италија, Џорџо Наполитано на средбата во палатата „Куиринале“ му ја додели задачата на Лета да состави коалициска влада, со што ќе стави крај на политичката блокада во Италија.
Лета е заменик претседател на Демократската партија, и се смета за умерен политичар кој ќе биде прифатен од страна на десниот центар. Веста за тоа дека Лета е новиот мандатар ја објави претседателот на секретаријатот на Наполитано, Донато Мар.
Партијата на Берлускони, Народот за слобода, ДП и центристичкото движење-Граѓански отпор на премиерот во заминување Марио Монти, рекоа дека ќе соработуваат со мандатарот кого Наполитано ќе го одреди, без разлика кој ќе биде тоа.