НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП: Компромис во Македонија е можен

26
By Светлана Јовановска on March 24, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот парламент (ЕП) ќе направи се што е во негова моќ за да и помогне на Македонија да излезе од сегашната длабока политичка криза и заклучи дека дебатата за политичката култура, која се одржа вчера и денес во Брисел, им дала надеж дека компромис во Македонија е можен.

На оваа конференција пратеници од балканските земји и од Турција и европските пратеници разговараа за значењето на политичката култура и политичкиот дијалог.

– Името на играта е решение кое на Македонија и е потребно – заклучи Вајгл со совет дека сите мораат да се фокусираат на преговорите за членство со ЕУ и во таквите напори да најдат нова енергија и нов почеток.

Конференцијата денес не донесе никаква промена во позициите на СДСМ (претставена од Радмила Шеќеринска и Лидија Димова) и ВМРО-ДПМНЕ (претставена од Антонио Милошоски). Сепак, на маргините на состанокот падна договор за средба помеѓу претставници на двете партии која најверојатно ќе се одржи идната недела во Брисел.

Европските пратеници кои ќе се обидат да најдат заеднички терен помеѓу двете македонски партии се либералот Иво Вајгл (Словенија) и демохристијанинот Едвард Кукан (Словачка), додека од партијата на европски социјалисти се уште нема потврда дали на третото столче ќе седне Ричард Ховит (Велика Британија) или Кнут Флекенштајн (Германија).

Вајгл вели дека на Македонија мора да и се помогне преку европски совети а не преку поддршка од европските пратеници за власта или за опозицијата. “Јас се залагам за неутралност”, рече Вајгл. Словенецот подвлече дека Резолуцијата на ЕП, чиј што автор е тој, изгласана пред две недели, препорача старт на преговорите за членство со Македонија и не се задржа на актуелната криза иако сите пратеници се во тек со настаните во земјата. “Ние сметавме дека токму споменувањето на преговорите е точка која може да помогне и дека таквиот пат треба да биде дел од решението”, рече Вајгл кој е уверен дека европските пратеници треба да бидат едногласни и да се држат за оваа насока.


Иво Вајгл

Сите европски пратеници подвлекоа дека Собранието е место каде што треба да се решаваат проблемите и дека самите македонски партии треба да најдат излез од оваа криза а не да чекаат решението да им биде наметнато од надвор.

Нерегуларностите и злоупотребите на кои укажува опозицијата треба да се решаваат “по можност преку истражна комисија во Собранието”, вели Вајгл.

Но сите пратеници исто така изразија сомнеж во независноста на медиумите и судството. Според Флекенштајн мора да се најде консензус: “Ако постојат проблеми кои парламентот не може да ги реши како криминал, тогаш на сцена стапува судството кое треба да биде независно”, порачува германскиот пратеник.

Според Кукан, има два водечки принципи за да се реши една криза. А тоа е пред се, искрена посветеност од власта и од опозицијата и како потоа почитување на постигнатите договори. Само кога ќе се исполнат овие услови, можен е излез од тешката ситуација.

На ова Шеќеринска потсети дека пред две години бил постигнат договор помеѓу власта и опозицијата по настаните од 24 декември 2012 година. Но, веднаш по потпишувањето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на тој договор за кој посредуваше Европската комисија, власта го прогласи за тоалетна хартија. «Како можете да верувате во договор кога власта на овој начин ги почитува договорите», рече Шеќеринска. Според неа, власта и опозицијата мораат да постигнат договор за сите проблеми кои се посочени а не само прекин на бојкотот. Во спортивно, предупреди таа, повторно ќе дојде до нова политичка криза.

Според Милошоски, не можат да се доведуваат во прашање изборните резултати и големата изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ што укажува дека оваа партија не може да се согласи со избор на техничка или преодна влада. «Ние имаме политичка волја да разговараме, но ова политичко барање кое сака да ја смени волјата на избирачите не е конструктивен начин да се влезе во политички дијалог», рече Милошоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.