Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Епидемија на овчи сипаници, морбилите се шират неконтролирано

0
By Менче Атанасова Точи on March 12, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овчите сипаници или варичела, се шират епидемиски во државата. Заболените се деца, а нивниот број достигнува и по 1000 месечно. Во Виница веќе била прогласена епидемија од оваа болест.

Епидемиолози кои работат на терен во училиштата и градинките за НОВА тврдат дека овие сипаници ги има преку целата година, не се сезонски и против оваа болест во Македонија не постои, односно не се набавува вакцина.

-Болеста се јавува кај мали деца, обично во градинка и тие си ја пренесуваат едни на други. Дури и родителите ги ставаат намерно во иста просторија со болни деца за да ја прележат варичелата. Кај возрасни ретко се јавува, или доколку се појави тоа е во форма на херпес зостер. За разлика од современите земји, во нашата држава нема вакцина против овчи сипаници, објаснува за НОВА епидемиолог кој сакаше да остане анонимен бидејќи само Министерството за здравство имало право да дава изјави за медиуми.

Единствен начин за справување на епидемијата е изолација на децата и дезинфекција во градинките велат епидемиолозите. Тие потенцираат децата кои имаат овчи сипаници, прво да оздрават, а потоа да се вакцинираат со другите вакцини.

Вирусот се пренесува преку воздухот, преку кашлање, кивање и меѓусебен контакт.
Она, што посебно ги загрижува лекарите се малите сипаници, односно морбилите. Поради пропусти во вакцинацијата и одбивањето на некои родители да ги вакцинираат децата, од морбилите од почетокот на годината има 14 случаи само во Скопје.Тие не биле во контакт меѓу себе, па затоа надлежните не прогласуваат епидемија.

-Секој ден имаме по некој нов случај и доколку само два случаи се поврзани меѓу себе се прогласува епидемија, велат во Центарот за јавно здравје.
Морбилите се многу заразна болест која лесно се пренесува преку допир на кожата или преку вдишување на респираторните секрети. Пациентите болеста може да ја пренесат во првите два дена пред појавата на симптомите и четири дена по појавата на осипот.

Првите симптоми се појавуваат по период на инкубација од 10 дена.

Во април 2011 во Македонија беше прогласена епидемија на морбили. Лекарите и сега стравуваат од појава на епидемија бидејќи вирусот циркулира во воздухот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.