Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Епидемиолози: Македонија пред ризик од епидемија од морбили?

0
By Менче Атанасова Точи on January 29, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кај 14-годишно девојче од едно средно училиште во Скопје постои сомнеж дека е заболено од морбили, дознава НОВА од свои извори. Случајот го потврдија и во Центарот за јавно здравје, но поради праксата изјави да се даваат на повисоко ниво, не сакаа да ги цитираме.

Епидемиолозите велат дека според клиничката слика се сомневаат и голема е веројатноста дека станува збор за морбили односно мали сипаници, но се уште чекаат на официјалните резултати. Случајот е пријавен вчера, а девојчето е веднаш изолирано во домашни услови и се третира соодветно.

За само една недела се појавија 3-4 случаи на заболени со морбили, сите на возраст од 30 до 40 години кои не се поврзани меѓу себе. Изворот на заразата се уште не е утврден.

Но, она што ги загрижува епидемиолозите е последниот случај на средношколката, а стравувањата се болеста да не започне да се шири во училиштата, со што би можело да дојде до епидемија.

Ова се случува во време кога државата не е подготвена да даде брз одговор со вакцинација, тврдат нашите соговорници. Извори за НОВА кои се добро упатени во оваа проблематика велат дека Македонија нема набавено поединечни вакцини против морбили, ниту има залихи од нив за вакви ситуации. Поради појава на морбили кај еден војник на АРМ, деновиве 1400 војници беа вакцинирани со MRP, односно со тривалентна вакцина против морбили, рубеола и заушки, наместо да добијат вакцина само против морбили.

-Сериозна држава треба да има набавено поединечни вакцини против морбили, како и полио кои се даваат интрамускуларно, кои се поскапи, посигурни и побезбедни. Тука, во овој дел треба да се прават реформите, а не да се штеди на човековото здравје и да се прават милионски тендери за медицинска опрема со која нема кој да работи, велат епидемиолози за НОВА.

Прашањето пред кое сме исправени сега е , зошто Македонија во последните години се соочува со епидемии, во 2009-та со заушки, а во 2010 и 2011 со морбили. Фрапантни се податоците кои НОВА ги доби од Институтот за јавно здравје. Бројките покажуваат дека во последните пет години во Македонија имало дури 17 235 заболени од заушки и 957 случаи со морбили.

Со ова, Македонија е меѓу рекордерите по бројот на заболени од овие две исклучително заразни болести, не само во регионот туку и во Европа. Во Србија во последните пет години имало 119 случаи на заушки и 300 со рубеола, во Босна и Херцеговина 161 случај на рубеола, додека во Романија, Полска и Украина исто така заболените се мерат во десетици илјади.

Експертите велат дека Македонија дури сега ги чувствува последиците од пропустите со вакцинацијата во изминатите неколку децении, па затоа се разболуваат возрасни луѓе каде што ризикот од компликации е поголем.

По осамостојувањето, државата останала затекната бидејќи немала искуство со распишување на тендери, набавките дотогаш се вршеле на централно ниво, во Југославија. Неколку генерации на деца останале не вакцинирани од повеќе заразни болести, исто како и деца од критичните региони кои не беа вакцинирани за време на конфликтот во 2001-ва.

-Доколку тука се додадат ниското ниво на вакцинација на ромски деца во одредени населби, како и интенцијата во последно време родителите да не сакаат да ги вакцинираат своите деца, Македонија може да има сериозен проблем во скоро време, велат епидемиолозите кои работат на оваа проблематика.

Лекарите нагласуваат дека негативната кампања против вакцинацијата која се води во некои медиуми, само допринесува луѓето се помалку да ги вакцинираат своите деца.

Тие потенцираат дека покриеноста со вакцинација сега се проценува на 95 проценти иако реално е опадна и треба да биде 99 проценти, но нагласуваат дека ниту една вакцина не штити 100 проценти од заразните болести.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.