Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Епидемиолози се соочувале со закани од заболени кои одбивале да ги кажат контактите

0
By Менче Атанасова Точи on June 1, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Епидемилозите кои одат на терен за да тестираат или да направат епидемиолошка анкета кај заболени со ковид-19, многу често се соочуваат со отпор и одбивање да ги кажат луѓето со кои контактирале. Тие велат дека со часови ги молат да дадат податоци за лицата со кои контактирале да се стават во самоизолација. Лекари од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Скопје, за НОВА велат дека често се соочуваат со закани, грубости, викање, некогаш и плачење само да не кажат со кого имале контакти.

„Имаме голема мака на терен. Некогаш со часови ги молиме да ги кажат контактите, одбиваат, не сакаат да ги кажат. Тешко се соработува, врескаат, некои се закануваат, други плачат. Само за да не кажат со кого биле во близок контакт. Се обидуваме по неколку пати, ги молиме. Дури и за себе велат дека немаат ништо, дека не се болни, туку дека некој ги „наместил““,раскажува за НОВА, една лекарка од ЦЈЗ-Скопје.

Покрај заштитната опрема, скафандери, маски, ракавици нивната работа ја отежнува несоработката со голем дел од граѓаните кои криејќи ја болеста и контактите ги ставаат во опасност и другите граѓани. Ова се случува кај сите без разлика на етничка припадност и одлика е на ниска свест и страв од стигматизација од средината, објаснува лекарката.

„Пред некој ден, една жена од село во близина на Скопје, пред да се врати на работа од која отсуствуваше два месеца, мораше да направи тест и тој излезе позитивен на ковид. Не знаете со какво викање се соочивме, дојде и нејзиниот сопруг, не сакаа да го земат Решението за самоизолација“, велат во ЦЈЗ -Скопје.

Внимавајте, предупредува лекарката-епидемиолог, не знаете кој поминува и застанува во вашата близина. Има и такви што излегуваат, се движат болни или не ја почитуваат самоизолацијата луѓе што биле во контакт со заболени.

Арбен Зибери, директор на ЦЈЗ

И директорот Арбен Зибери посочи дека имаат многу проблеми на терен.

„Откако почна епидемијата работиме седум дена во неделата. Четири екипи одат постојано на терен. Дека сме добро опремени и организирани говори фактот што немаме ниту еден заболен од вработените. Одиме дома, ги молиме да се тестираат. Но, на терен имаме многу проблеми“, рече Зибери.

Токму за ваков случај во скопската општина Чаир беше побарана асистенција од полиција бидејќи семејството на починатиот од ковид, за кого резулатот дека е позитивен стигна после погребот, одбиваше да биде тестирано и да соработува.

Откога беше најавена МВР, семејството попушти и 20 члена од најблиските на починатиот вчера беа тестирани. Од ЦЈЗ велат дека полека почнале да ги кажуваат и контактите од погребот на кој и покрај забраната, биле присутни 200 луѓе. Некои од нив почнале и сами да се јавуваат.

Венко Филипче, министер за здравство

И министерот за здравство Венко Филипче на последната прес-конференција посочи дека има многу граѓани кои не ги почитувале мерките за заштита, шетале за време на самоизолација, давале лажни податоци и адреси на живеење, се со цел да не им стигнат решенија за самоизолација.

Масовните дружења, седенки, ифтарски вечери, непочитување на дистанца и неносоње на маски, се причината за зголемениот број на случаи со ковид-19, како и новите кластери. Тој кажа дека најзагрозени се општините Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром  каде што има поголема концентрација на нови заразени од периодот на строгите рестриктивни мерки. Заразени се цели семејства. Зголемен е бројот на старите кластери, но има и нови.

„Епидемиолозите имаат серизозен проблем со луѓето, многу од нив даваат лажни податоци, кажуваат лажни адреси на живеење. Ние будно ќе ја следиме состојбата за време на викендот и почетокот на наредната недела, сè уште мислиме дека е ова варијација“, изјави министерот Филипче.

Тој најави дека доколку трендот на пораст на заболени продолжи и во текот на викендот и првите денови од оваа недела, се размислува да се воведе карантин во овие општини и тоа по примерот на Дебар, да се ограничи движењето надвор од општините, но и внатре во општините.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.