Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда донесе Кривичниот суд во Скопје за случајот „Тврдина“.
Педметот се однесува на уништувањето на опремата за прислушување во УБК.
Екс министерката на МВР Гордана Јанкуловска е ослободена, а на екс директорот на УБК Сашо Мијалков делото му застаре како последица на измените во кривичниот Законик и предолгото чување на обвинителниот акт во судиските фиоки.
Скопскиот кривичен суд одреди затворски казни само за отсутните и во бегство функционери во УБК Горан Грујевски и Никола Бошкоски, а условна казна доби Валентина Симоновска.
Конечниот збор ќе го има Апелациониот суд во Скопје